Концерт на Јуриј Шишкин во Охрид

На 17 јуни 2017 год. со почеток во 19.30 часот во црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи  големиот руски уметник Јуриј Шишкин.

Маестро Шишкин со своите виртуозни изведби на хармоника, настапувал во повеќе земји, како Холандија, Белгија, Германија, Финска, Шведска, САД, Канада, Кина, земјите од Латинска Америка и др, а пред охридската публика ќе се претстави со делата на Семјонов, Гонтаренко, Доренски, Лекуона, Рахмањинов, Римски-Корсаков и Менделсон.Тој е еден од најдобрите хармоникаши во светот, а неговата скромност е всушност и неговата мудрост и човечка големина.Роден во Азов, Русија, неговите музички патувања почнуваат рано. Се школува во Ростов и непосредно по тоа следуваат неговите најголеми победи на некои од најзначајните натпревари освојувајќи седум први награди од десет учества. Светот станува негов дом, а ги освојува најголемите концертни подиуми со својата виртуозност и музичка длабочина изведувајќи разновиден репертоар од светската литература за хармоника, но и адаптации за својот инструмент што го прославуваат како еден од најспретните виртуози на хармоника. За него, музиката е учител.. еден необичен и прекрасен жив свет. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани