Рецепт за прочистување на црниот дроб со суво грозје

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

,,Ние сме она што јадеме…..телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана”….

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Оваа недела Ви откриваме рецепт како да го прочистите црнит дроб со суво грозје.

Сувото грозје одсекогаш имало високо место на сите кралски трпези. Било готвено со друга храна, живо или како напиток. Неговата едноставност прави некогаш да го подцениме, но тоа е еден огромен извор на нутритивни вредности.
Содржи голем процент на витамин  Ц, Е, А, Б1, Б2, Б3, Б6, магнезиум, калиум, калциум, фосфор, бор, натриум и особено висок процент железо, како и глукоза и фруктоза кои дирекно се претвораат во енергија. Сувото грозје  е одлицно за луѓе со недостаток на енергија и концентрација.
Калциумот од сувото грозје дирекно ги зајакнува коските и претставува голема превенција од остеопороза.
Аминокиселините што ги содржи сувото грозје дирекно го помагаат либидото особено кај жените. Витаминот Б3 пак го чува нашето ментално здравје, а големата количина железо дирекно се врзува во нашата крв и ја подобрува крвната слика. Со еден збор го зајакнува целиот имунитет.

Сувото грозје е и главен прочистувацч на нашиот филтер – црниот дроб.

Еве еден ефикасен и едноставен рецепт за прочистување на црниот дроб  од токсини, чистење на цисти и маснотии од него. Имунитетот ќе ви биде благодарен…
Еднаш до двапати неделно во чаша 250-300мл со дестилирана или превриена и оладена вода се става 50 до 100гр суво грозје да стои 24ч.

Сувото грозје прво се мие од прашинки и после се става во водата.Според мене дестилираната вода е поефикасна.
Точно после 24ч( добро е да испланирате да е наутро на гладно) се процедува и се пие водата. Откако ке ја испиете водата се јаде и сувото грозје и се легнува на десна страна мин 20 мин. Потребно е на десната страна кај црниот дроб да се стави нешто топло.
Оваа постапка се прави минимум еден месец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани