Четкар на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд

Македонскиот џез/соул/фанк музичар Владимир Четкар настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд „Хуа Хин Џез Фестивал“ кој се одржа на 24 и 25 јуни во монденскиот тајландски туристички центар Хуа Хин.

 

Четкар се претстави со авторска музика придружен од тајландскиот бенд Фанкшн како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна Азија, Кох Саксмен.

Пред концертот Четкар имаше серија телевизиски настапи и интервјуа во Тајланд и беше најавуван како една од главните ѕвезди на овогодинешното издание на фестивалот во Тајланд.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани