Следува нов топлотен бран

Од денес  до сабота следува нов топлотен бран во земјава. Во поголем дел од Македонија максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени.

 Најавеното многу топло време со натпросечни температури на воздухот во наредните денови, информира Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневната температура значително ќе опадне, за повеќе од 10 степени во однос на претходните денови, соопшти УХМР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани