Скопјанец извршил полово дејствие на јавно место во Охрид

Скопјанец сторил полово дејствие на јавно место во Охрид. Гнасниот чин, тој го сторил при крајот на минатиот месец во влез од зграда каде започнал да допира млада девојка што ја сретнал во ходникот.

Храбрата девојка му се спротивставила и силно го оттурнала од себе а потоа го пријавила во полиција.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека, веднаш по добиената пријава, полициските службеници го пронајдоа и приведоа И.П.(25) од Скопје а поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ задоволување полови страсти пред друг на јавни места”, му поднесоа кривична пријава.

-Пријавениот, казненото дело го сторил на 28-ми јуни оваа година во 10 часот и 45 минути во влез од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид. Половото дејство на јавно место, тој го извршил откако во влезот од зградата забележал девојка која била во близина на поштенските сандачиња по што и се приближил и започнал да ја допира, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани