Заврши фестивалот на народна култура ,,Пображење,, – Вевчани

 Со концерт на народниот оркестар при средното музичко училиште ,,Сергеј Михајлов,, од Штип, синоќа на сцената на анфитеатарот во Вевчани заврши седмото издание на фестивалот на народна култура ,,Пображење,,.

Пред концертот предходеше и настап на пејачката група при КУД,,Екрем Мујкич,, од Илиџа, Сараево, БиХ. Во рамки на синоќешната програма беа презентирани и резултатите од работилницата за традиционално пеење предводена од доц.др. Велика Стојкова-Серафимовска која се одржа за време на фестивалот, а како резултат на тридневната работа учесниците на работилницата се стекнаа со теоретски познавања и практични вештини за техниките на традиционално пеење во различни региони од Македонија. На сцената на анфитеатарот во Вевчани, синоќа беше промовиран уметникот Сајет Дарвиш од Париз, Франција и неговото дело насликано за време на фестивалот како дел од програмската содржина насловена ,,Народната култура во Вевчани инспирација за ликовните уметници,,

 На самиот крај пред затворањето на фестивалот организаторот ја додели и плакетата ,,Чувари на традицијата,, за најуспешна изведба на изворен фолклор, а оваа година стручното жири наградата ја додели на КУД,,Илинден,, – Битола за одличната изведба на кореографиите ,,На Визита,, и ,,Моштенски игри,,. Според организаторите, оваа година фестивалот поминал во најдобар ред, со многу квалитетни учесници и со најбројна публика до сега.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани