И последниот викенд од август Охрид полн со гости

Последниот викенд од август Охрид преполн со туристи. Домашните и странските гости го користат убавото сончево време за одмор и рекреација на бројните плажи на брегот на Охридското езеро.

Според надлежните од Секторот за туризам Охрид и годинава испиша уште една успешна туристичка сезона.

-Сметам дека оваа сезона во целина се смета за успешна со оглед на тоа што во Охрид се случуваа голем број на културни манифестации, спортски настани итн кои претставуваа магнет за гостите коишто доаѓаа во градот, вели Ѓоко Апостолов раководител на сектор за туризам.

Туристичката понуда од година во година е се побогата. Според официјалната статистика, во месец јуни беше зглемен бројот на домашни и странски туристи во Охрид за 11 проценти..

– Мислам дека Охрид е на вистинскиот пат. Со инфраструктурата која што локалната управа ја гради и ќе ја доизгради во анредниот период мислам дека туристичката понуда на градот во иднина ќе биде уште побогата и ке имаме можност да очекуваме зголемување на бројот на туристи и во наредните години, вели Апостолов.

Сезоната на брегот на Охриското езеро псоледните години трае се до октомври. Дотогаш доаѓаат субвенционираните странски туристи од Холандија, Полска, Данска и други земји.

Соња Рилковска
Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани