Од утре државните шалтери ќе работат втора смена

Шалтерите во Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана од утре ќе работат во две смени.

Првата смена во овие институции, според одлуката на Владата ќе работи од 7.30 до 14.30 часот, а втората смена од 14.30 до 21.30 часот. Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.

Во управните служби на МВР, односно во управите за фотографирање на патни документи, лични карти, пасоши и возачки дозволи, и досега се работеше во две смени. Разликата е во тоа што втора смена во овие служби досега работеше до 19 часот, а отсега до 21.30 часот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани