Се слави Светиот маченик Фануриј

Денес се слави Свети Фануриј Новојавен и Великомаченик.

Станал познат во 14 век, на Родос, кога бил откриен стар храм. Таму имало многу оштетени икони, а меѓу нив била пронајдена многу добро зачувана икона, на која се читало името „ο άγιος Φανώ.” На иконата светиот бил претставен како војник, кој во десната рака држел крст, врз кој светела свеќа и околу иконата 12 маченици, како што вообичаено се сликаат светите. Митрополитот Нил II (1355-1369) го обновил храмот и го посветил на свети Фануриј и веројатно, ја напишал неговата служба.

Од Египет потекнува предание дека неговата мајка била тешка грешничка. Тој честопати го молел Бога за нејзино спасение, дури и повеќе отколку за своето. Светиот маченик Фануриј настрадал заради верата во Христа. Бил каменуван од незнабошците. Пред да умре, од дното на душата со молитва повикал кон Бога: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.” Според неговиот завет, христијаните го молат Бога со молитвата: „Спаси ја Господи мајката на свети Фануриј и помогни ми на мене, грешниот.”

 По повод денешниот празник утрово се одржа богослужба во црквата Свети Никола Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани