Доцни изградбата на охридскиот затворен базен

Затворениот базен во Охрид според планот треба да биде готов за седум месеци, односно во април следната година.

Досега фирмата  „Бауер БГ“ од Скопје, која ги изведува градежните работи успеа да изгради само темел и две бетонски плочи. Зошто доцни изградбата не е познато.

Инвеститор во спортскиот објект е Агенцијата за млади и спорт, која  ги обезбедува финансиските средства во висина од околу 5.000.000 евра преку државниот буџет. Изведбата на градежните работи ја започна претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но и новата власт најави дека ќе се доизгради базенот.

Затворениот олимписки базен во Охрид  е повеќе од потребен. Со години охриѓани бараат базен за враќање на водените спортови во градот. Покојниот тренер Александар Леко Радиќ, во повеќе наврати велеше…..„ без затворен базен е исто  како покрај вода да се биде жеден“….

Фото Билд.мк

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани