ФОТО: Привршува изградбата на патеката кај каналот Студенчишта

Пивршува изградбата на рекреативната патека кај каналот Студенчишта во Охрид.

Патеката се простира од ресторанот Котва до Билјанини извори.

Се работи за една мошне атрактивна романтична патека која што ќе се наоѓа помеѓу два канали.

Малиот канал кој оди паралелно со каналот Студенчишта е прочистен и прокопан, изградено е ново корито и истиот на две до три места е  споен со стариот канал.

Патеката има една рекреативна пешачка зона поголема, една велосипедска зона, просторот веќе хортикултурно се  уредува , ќе се постави ново осветлување во рустичен стил и секако ќе има една помала патека која што ќе го опслужува малиот канал.

ФОТО Климе Шешоски 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани