Советување на Здружението на инжинери во Охрид

Во Охрид денес  ќе биде потпишан договор за соработка и за донација меѓу хрватската компанија Кончар и Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Склучувањето на договорот ќе се случи во 11 часот во хотел Метропол во рамки на 10-тото советување на МАКО СИГРЕ во Охрид.

Договорот ќе го потпишат:

– Професор д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ
– Мишо Јурковиќ, претседателот на Управата на КЕТ

Инаку, Здружението на инженери МАКО СИГРЕ го организира 10-то јубилејно Советување, што ќе се одржи од 24. до 26. септември во Охрид, во хотелот Метропол. На советувањето се пријавени над 300 учесници, а се очекува да бидат презентирани 108 стручни и научни трудови од областа на елктроенергетиката. Ќе бидат присутни инженери од трите големи електроенергетски компании во Република Македонија, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, кои континуирано ја поддржуваат работата на МАКО СИГРЕ. Покрај тоа, на 10-то јубилејно Советување ќе учествуваат и водечки домашни и светски компании од индустријата.
Работниот дел на Советувањето започнува со панел сесија посветена на мрежното и пазарното поврзување на земјите од Југоисточна Европа. Стручните и научни трудови ќе бидат организирани во 16 одделни сесии, кои се проследени со дискусии меѓу авторите и учесниците на Советувањето. Годинава ќе има три технички презентации, а изложбениот простор ќе го користат 10 компании.
Во рамки на првиот ден од јубилејното 10-то Советување на МАКО СИГРЕ предвидено е и потпишување на договор за соработка меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје и КОНЧАР – Инженеринг за енергетика и транспорт (КЕТ) од Загреб. Соработката, покрај другото, опфаќа и реализација на научно-истражувачки и развојни проекти, размена на знаења и донација на опрема. Во оваа прилика ќе биде објавена и донацијата на компанијата КОНЧАР – Инжинеринг за енергетика и транспорт на SCADA систем PROZA NET за „Центарот за трансфер на технологии и иновации“ (ИННОФЕИТ) кој се воспоставува на ФЕИТ. Договорот за соработка ќе го потпишаат Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски и претседателот на Управата на КЕТ, г-дин Мишо Јурковиќ.
На утрешното свеченото отворање на 10-то јубилејно Советување ќе присуствува и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој заедно со претседателот на МАКО СИГРЕ проф. д-р Рубин Талески ќе дадат изјави за медиумите.
Потпишувањето на договорот за соработка помеѓу ФЕИТ и КЕТ, како и изјавите за медиумите се предвидени во 11:00 часот во хотелот Метропол во Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани