ЕВН започнува со воведување на евтина тарифа

Од утре ЕВН започнува со активности за имплементацијата на евтината тарифа.  Направени се техничките подготовки,  а  до  октонври се очекува 800 000 семејства да добијат  евтина струја.

 

Со оваа мерка ќе се намалат трошоците на граѓаните особено во зимската сезона, која следува, информираат од ЕВН.

– За оваа година може да очекувате намалување на цената на електричната енергија. 0358 За долгорочно тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година, вели Штефан Петер претседател на УО на ЕВН.

Владата размислува за зголемување на домашното производство на електрична енергија и намалување на увозот.  Ќе се инвестира во соларни паркови и ќе се субвенционираат   когенеративни уреди на домаќинства.

-Една од стратешките определби на владата се  чист воздух чиста вода. што значи дека во Македонија ќе инвестираме во обновливи извори на енергија што ќе помогнат да се намали загадувањето во градовите.

Според експетите останаа малку неискористени потенцијали за производство на електрична енергија во земјава.

-Остануваат скапите електроцентрали, хидроцентрали. Имаме сонце но засега се уште електричната енергија од сонце не е конкурентна за овие пазари за оваа финансиска моќ за нашите потрошувачи. Има проблем со сончеата енергија таа е без пари но ја имате само рпеку ден, вели Рубин Талески  претседател на Мако Сигре.

На 10 тото советување на Мако Сигре  здружението на електроижнижинери кое деновиве се одржува во Охрид учествуваат  над 300 експерти  од земјава и регионот.

Новинар Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани