Охрид домаќин на Конференција на НР Кина и земјите од Источна Европа

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес – 6 октомври 2017 година, петок,ќе се обрати на свеченото отворање на третата Конференција на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што ќе се одржи во Охрид.

  Годинешната конференција, чиј домаќин е Република Македонија, е на тема „Улогата на човечкиот капитал во иницијативата – Еден појас, еден пат“. Конференцијата е во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, во соработка со Економскиот факултет – Скопје и со Економскиот институт.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани