Струшките анестезиолози лани направиле 1200 оперативни зафати

Струшките анестезиолози лани направиле 1200 оперативни зафати.

Само лани во време на пандемија тројцата анестезиолози во струшката болница направиле 1 200 оперативни зафати. Или во просек по три до четири операции дневно.

Во Струга има тројца анестезиолози, кои се оптоварени со работа. Речиси секојдневно имаат или дежурства, или приправност.

„ Ние сме само тројца анестезиолози, но со голема пожртвуваност , со голема љубов во работата успеваме да одговориме на сите предизвици. Само еден податок да кажам во текот на ланската година во ек на пандемија хируршкото одделение со својот доста мал капацитет успеа да направи 720 елективни операции, плус на гинекологија имавме околу 400 царски резови и оперативни зафати и дополнително 200 помали интервенции на гинекологија. Се заедно доаѓа околу 1200 оперативни зафати, големи операции во текот на минатата година“, вели д-р Аце Велјаноски анестезиолог во Општа болница Струга.

Струшката болница беше во првите редови во битката со пандемијата.

„Две години се соочивме со нешто непознато за цел свет така и за нас. Пандемијата беше нешто ново, кое криеше доста непознаници за целиот здравствен систем и нашата држава се соочи со тој голем проблем, во смисла на огромен број на нови пациенти и голем притисок врз здравствениот систем. Во самиот старт на ковид пандемијата Општата болница Стуга влезе во првите редови на битката. Првите случаи кои се појавија во Дебар, веднаш потоа почнаа да се појавуваат случаи и во струшкиот регион. Болницата веднаш се преориентира на решавање на тие случаи со ковид пациенти“, вели д-р Велјаноски.

И покрај големиот наплив на пациенти, струшките лекари успешно се справуваат со пандемијата.

„Ние како анестезиолози бевме во една голема непознаница , од една страна требаше да се помага на голем број н пациенти со една нова непозната болест, а од друга страна ние не прекинавме со редовниот оперативен програм на гинекологија и хирургија. Имавме обрвска и кон пациентите со ковид , но и кон пациентите на хирургија, гинекологија , каде што беа потребни интервенции. Мислам дека успеавме да одговориме на сите тие предизвици. Можам да кажам дека Општата болница Струга, посебно Интерното одделение, кое го поднесе најголемиот товар од пандемијата со помош на сите релевантни фактори од болницата успеавме да се справиме со тој предизвик“, додава Велјаноски.

Покрај пациентите од струшкиот регион во болницата во Струга се лекуваат и пациенти од целиот Југозападен регион.

„Бројот на операции кои се прават во нашата болница е доста голем. Хирургијата во струшката општа болница е центар за целиот Југозападен регион. Секој ден, нема ден ние да немаме пациенти дали од Дебар, Кичево, Ресен, дури и од Битола и Кавадарци. Но можам да кажам дека успеваме да се носиме со тој предизвик, иако имаме мал капацитет на хирургија, сепак со добра организација успеваме да постигнеме“, вели д-р Велјаноски.

Струшката анестезија и хирургија работи како Ургентен центар.

„Јас би бил многу среќен кога би работел само елективна хирургија и гинекологија, но ние повеќе функцинионираме како ургентен центар. Секој потежок пацинет, секоја кома, секоја сообраќајна несреќа и тешки случаеви завршуваат кај нас. Ние мора да интервенираме , а потоа пациентот се препратува на понатамошно лекување“, појаснува д-р Велјаноски.

Главната причина за недостигот на специјалисти во целиот регион и државата се платите на лекарите. Анестезилогијата е особено одговорна и стресна што е допонителна причина за помал интерес за специјализација.

„Причината е едноставна, финансискиот момент. Новите лекари специјалисти мнгу често наоѓаат работа во западните земји и се одлучуваат на таков чекор. Мора подобрување на платежната моќ на лекарите, не зборувам само за анестезија туку општо. Мора платите да соодејствуваат со работата и со одговорноста која што ја имаме ние во секој момент. Во последните години во нашата држава почнува да се осознава што значи анестезија. Тоа е многу одговорна гранка и многу стресна работа. Имавме анстезиолози двајца кои после специјализација наместо да се вратат во Струга заминаа во странство “, вели Велјаноски.

Тројца лекари од Струга моментално се на специјализација за анестезиологија, со нивното завршување се очекува да се надополни недостигот на кадар.

„После нивното враќање очекуваме струшката анестезија да функцинира нормално. Тројца сме и почесто сме на приправност, секој доктор по десет денови во месецот. Во тие десет денови си приправен, но уште десет денови си заменик приправен, за не дај Боже ситуации мора да има уште еден анестезиолог во градот кога колегата е дежурен или на работа во случај да има некоја сообраќајка или потреба од потешка интервенција. Може да има операција во исто време и на хирургија и на гинекологија, бидејќи нашата специјалност е анестезија, реанимација и интензивно лекување, тоа се три гранки од медицината“, вели д-р Велјаноски.

Велјаноски како лекар со долгогодишно искуство, препорачува вакцинација против корона вирусот.

„Сметам дека единствената борба против корона вирусот е вакцинацијата. Ќе кажам мој личен пример. Ние прележавме корона и сме сите вакцинирани со три дози на вакцини. Единствениот пат да се ерадицира оваа болест е вакцината. Има дилеми кај населението дека и покрај вакцината се заразуваат, но тоа е јасно медицината кажува дека вакцината не штити 100 постотно но штити од потешки форми на болеста. Затоа како лекар апелирам секој да се вакцинира“, апелира д-р Велјаноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани