Што е церебрална парализа?

Да ги запознаеме децата со церебрална парализа, за да можеме да ги разбереме и прифатиме.

Во светот живеат 17 милиони луѓе со церебрална парализа.

Што е церебрална парализа?

Дефиниција:
Церебралната парализа(ЦП) се дефинира како група на нарушувања на развојот на движењата и постурата кои го ограничуваат движењето и се предизвикани од непрогресивни оштетувања на мозокот кои настанале во текот на интраутериниот развој, при пораѓај или во рано детство (до 5 годишна возраст).
Се јавува кај 2.1 на 1000 родени.
Често бебињата со церебрална парализа не можат да седат, лазат или да одат како децата на нивна возраст.
Историја:
Прв пат е документирана во времето на Хипократ , во 5тиот век п.н.е.
Во 19тиот век , Вилијам Џон Литл, прв ја нарекол детска церебрална парализа , по кој спастичната диплегија била наречена “Литл”.
Дијагноза:
Се базира на анамнеза и физикален преглед , компјутерска томографија и магнетна резоннаса и ја поставува невролог
Потешките форми се дијагностицираат порано до 2г., а полесните дури и до 5 годишна возраст.
Клиничка слика:
Абнормален мускулен тонус, одложен моторен развој и перзистирање на примитивни рефлекси(бабински)се чести рани знаци за церебрална парализа.Церебралната парализа станува очигледна кога бебињата ќе ја достигнат развојната фаза на 6-9 месеци и почнуваат да се движат. Во овие месеци може да се забележи заостанување на моторниот развојот и асиметрија.
Говор

Дури една четвртина од децата со церебрална парализа не можат да зборуваат заради интелектуална попреченост или глувост. Рано користење на аугментативен и алтернативен систем на комуникација може да му помогне на детето во развивање на вербални јазични способности.
Скелет

Децата со церебрална парализа имаат зголемен ризик за намалена минералност на коските – остеопенија и остеопороза. Средните делови на коските (дијафизите) се тенки и стануваат уште потенки при растење, a крајните – метафизите често се зголемени (балонирање). Поради поголем притисок на зголбовите предизвикан од мускулен дисбаланс , зглобната ‘рскавица може да атрофира, при што доаѓа до намален простор во зглобовите, како и дегенеративен артритис и остеоартритис. Лицата со церебрална парализа се пониски во висина од просечен човек бидејќи нивните коски не го достигнуваат потенцијалот на растење во целост. Стапката на сколиоза кај деца со церебрална парализа е помеѓу 21% и 64%, кои може да ја развијат пред десеттата година. Сколиозата може хируршки да се корегира, но церебралната парализа ја зголемува стапката на компликации, дури и со подобрени хируршки техники.
Болки и спиење

Болките се чести и се асоцирани со спазамот и скратувањето на мускулите, абнормален став на телото, вкочанети зглобови, луксација и сублуксација на колк, и др. Исто така е зголемен ризикот од хронични пореметувања на спиењето. Децата со церебрална парализа имаат значително поголем ризик на нарушувања на спиењето од типични деца во развој.
Исхрана:
Децата со церебрална паарлиза , често имаат проблеми со џвакање и голтање на храната. Кај Некои од нив исхраната е преку назогастрична сонда или гастростома. Чест проблем е гастроезофагеален рефлукс. Заради проблемите со голтањето , се случува да се аспирира течност или храна што пак води кон развој на чести инфнфекции на дишниоте патишта,како што е пневмонија .

Други проблеми:
хиперсаливација,
епилеспија,
инконтиенција,
чести уринарни инфекции кај 55.5%,
чести респиратирни инфекции: бронхитис и пневмонија,
сколиза и кифоза,
чести скршеници кои се појавуваат сами од себе,
скратени мускули и контрактури,
25% до 39% имаат проблеми со видот,
8% до 18% проблеми со слухот,
предвремено стареење и поврзани болести на кардиоваскуларниот систем, малигни неоплазми,
интелектуална попреченост,
депресија и анксиозност и др.

Пишува Весна Габелоска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани