Македонија во жолта ковид зона, нови мерки нема

Во земјава моментално се активни над пет илјади случаи со ковид-19 и таа се наоѓа во жолта зона, Комисијата за заразни болести засега не препорачува нови мерки.

Министерот за здравство, Беким Сали, вчера посочи дека aко се гледа според искуството на досегашните бранови на зараза со ковид-19, сега се наоѓаме пред пикот на моменталниот бран.

Ние забележуваме секојдневно благо зголемување на новоинфицирани во државата, Скопје сè уште е жариште, односно црвена зона. Меѓутоа, од аспект на оптоварување на системот сè уште сме во жолта зона, појасни Сали.


Министерот апелираше до хронично болните да се вакцинираат со четврта доза доколку веќе примиле трета, а до лицата кои се тестираат дома со брзи тестови побара да се самоизолираат најмалку три дена.
Само вчера, според податоците од Министерството за здравство, повеќе од половина од тестираните биле позитивни на ковид19. Согласно последната статистика од вчера, има нови 855 случаи на ковид-19, од вкупно направени 1 602 тестирања. Во Охрид има 263 активни ковид пациенти, а само вчера беа регистрирани нови 26 случаи.

Најмногу новозаразени има во Скопје – 347, следна е Битола – 77, па Куманово има 55 случаи. Скопје останува на неславниот врв. Од 5 169 моментално позитивни на ковид-19, 2 226 се во главниот град.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани