Започна учебната година, зголемен бројот на првачиња

Зголемен бројот на првачиња во охридско.  После константно долгогодишно намалување, годинава  539 првачиња седнаа во училишните клупи, односно 35 повеќе од лани.  Образовниот процес во Охрид нема попречености,  општината го санира  долгот  од 20 милиони денари.

Дополнително доделени се стипендии за учениците,  финансиска помош за првачињата, образовен додаток за студентите и стипендии за ученици со ретки болести.  

Покрај финансиските стимулации на учениците во значајна мера ги подобривме условите во училиштата. Се вршеше молерисување на училишните згради, се санираа тоалети, се изврши промена на стара и дотраена дограма, се уредуваа дворовите, се вршеше промена на водоводна и одводна мрежа, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Годинава забалежителен интерес има за запишување  во средните стручни училишта особено поради дуалното обраование.

-Оваа година е уникатна ппо тоа што огромна беше заинтересираноста за заишување во електромашинскиот центар и средното економско училиште. Тие се доста популарни со воведувањето на дуалните паралелки. Добивме уште една паралелка таму, додава Пецаков.

Во општина Охрид има девет основни и четири  средни училишта, каде денес започна образовниот процес.  

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани