Вонредна крводарителска акција во Охрид

За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се реализира на 10.09.2022 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 часот.
Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, стои во соопштението на Црвениот крст Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани