Одземен пиштол и 40 куршуми

Охриѓанец нелегално поседувал пиштол и куршуми.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.А.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен на 15.03.2022 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Browning“ калибар 7,65 милиметри и 40 куршуми што нелегално ги поседувал, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани