Успешен прв вино фест во Охрид


Голем број посетители синоќа уживаа во дегустираат на сортни македонски вина и убава музика.

Македонија има  потенцијал за развој на винскиот туризам. Плодно земјиште и погодна   клима, но и богата винска традиција  која се пренесува од колено на колено. Македонското тло е совршено  за производство на високо  квалитетно вино кое може да се рамни со светските врвни вина но,  потребна е поголема   промоција и маркетинг.

Домашните  винарии треба заеднички да  настапат на светскиот пазар, порачуваат експертите на првиот Вино фест, што се одржува во Охрид.

-На Балканот сме познати како иматели на добро вино, Јас живеам во Шпанија знам дека и таму има луѓе кои прашуваат за нашите вина имаат разбрано. На светско и европско ниво ние имаме добри вина. Вели Пане Темов-манифестација Охридски Фестивал на виното.

.Винарниите и автохтоните вина   привлекуваат се поголем број  туристи. Македонските вина   се извезуваат на сите континенти закитени со голем број престижни награди.

За да го развиваме винскиот туризам потребни се повеќе вакви промоции како што е Охрид вино фест фестивалот. Нашата винарија има повеќе награди во Европа, во Германија во Дизелдорф имаме добиено бронзена медаља за квалитетно вино, вели Бобан Панчески- претставник на винарија.

На првиот Фестивал на виното во Охрид, кој започна од вчера, а ќе трае до 10 ти септември се претставија   десеттина  винарии од земјава, но и од регионот и Еврпските земји.  Голем број охриѓани и туристи  покрај во дегустација на сортни вина уживаа и во богатата забавна програма.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани