Охрид подготвен за Суперкупот, се очекува ракометен спектакл

Охрид во организација со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе биде домаќин на годинешното издание на машкиот ракометен Суперкуп меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Натпреварот е закажан за утре – недела, 11 септември, во спортската сала „Билјанини Извори“, а од Охрид најавуваат ракометен спектакл за сите љубители на ракометот, но и поголема безбедност заради присуството на навивачките групи од двата табора.

Ќе има засилено обезбедување, бидејќи најавено е присуство на двете навивачки групи и Комити и Чкембари. Вратите на спортската сала, заради безбедност, ќе бидат затворени во 19:30 часот. Очекуваме се да помине во најдобар ред, а гледачите да бидат сведоци на еден ракометен спектакл, истакна Славчо Ристески директор на ГРК Охрид.

Бранител на трофејот во Супекупот е Еурофарм Пелистер, кој лани славеше против „црвено-црните“ со 31-22. Натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер започнува во 20:00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани