Истражување: 57,1% од испитаниците против „Францускиот предлог“, 48,4% се за ЕУ

Повеќе од половина од испитаниците во последното истражување на фондацијата „Конрад Аденауер“, односно 57,1%, не го поддржуваат документот со кој се тргна бугарското вето и отпочнаа преговорите за членство во Европската унија. Исто толкав процент на граѓани сметаат дека потпишувањето на документот не ги стоплил односите помеѓу Македонија и Бугарија. 27,2% од граѓаните, според анкетата, му даваат зелено светло на предлогот.

Се уште е голем процентот на граѓани кои се за ЕУ, но споредено со изминатите години фондацијата забележува дека поддршката се намалува. Па така, 48,4% од испитаниците се „за“ а 14,4% донекаде за членство во унијата. Но, на прашањето кога ќе се случи тоа, најголемиот дел од испитаниците – 28%, изјавиле дека Македонија никогаш нема да стане членка, а 23,7% не знаат кога би се комплетирал процесот.

Најголемиот дел од граѓаните, 37,4%, ја гледаат Србија како најголем сојузник на Македонија, 24% немаат одговор, речиси 20% сметаат дека тоа се САД. Проектот „Отворен Балкан“, пак, е прифатлив за 65,7% од испитаниците, а 15% не го поддржуваат. Спротивно на ова, за 44% од анкетираните Бугарија е најголем непријател на државата, 29% немаат одговор, а 12% сметаат дека тоа е Русија.

За водењето на надворешната политика и одбраната на скала од 1 до 5, граѓаните најголема оценка дале за Борис Трајковски – 4,28, а актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски доби најлоша средна оценка – 2,81.

Испитувањето е направено во рамки на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, спроведено минатиот месец каде опфатени биле 1111 полнолетни испитаници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани