Еколозите го поздравуваат воведувањето на ново кривично дело „екоцид“

Екологистите го поздравуваат воведувањето на ново кривично дело „екоцид“, со кое се предвидува и доживотен затвор за загадување на животната средина. Според предлогот, казна од 10 години или доживотен затвор ќе има за лице кое спротивно на прописите ќе предизвика еколошка катастрафа.
Предложениот Кривичен законик – изобилува со сериозни драконски затворски казни за загадувачите, а докажувањето на загадување на воздухот, на водата, на почвата, природата, со новите измени се упростува.

-Одговорноста не е предвидена само за оние активни загадувачи, оние кои ја загадуваат животната средина и природата туку и за оние одговорни и службени лица кои имаат обврска да воспостават активни мерки за заштита на животната средина и природата“, вели Глигор Ќатоски од Граѓанската иницијатива „Доста е“ Струга.


Еколозите сметаат дека со законските измени и високите казни, сите ќе бидат повнимателни, и граѓаните, и компаниите, но и надлежните, бидејќи казни ќе има и за нив.

-Ќе биде доста интересна ситуацијата доколку наидеме на целосна имплементација на оваа одредба која се планира да се воведе во кривичниот законик бидејки во конкретниот случај на кривична одговорност може да подлежат сите градоначалници кои што не презеле мерки и активности за затворање на дивите, нестрандардни депонии кои што не исполнуваат ниту еден законски услов, додава Ќатоски.


Од јануари до јуни годинава, Инспекторатот докажал 167 загадувања на воздух, почва, вода, храна, а поведена е само една кривична постапка за опожарувањето на трска во Струга, против непознат сторител, останатите се спогодби, платни налози и прекршочни постапки.


Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани