Жител на Белчишта измамил повозрасна жена дека ќе и го прекини кредитот

Жител на Белчишта заработи кривична за измама, излажал повозрасна жена дека ќе и го среди кредитот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(42) од селото Белчишта, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда и ветил дека ќе и овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно и одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24000 денари, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани