Охридскиот херој Марко Пејчиноски доби стипендија

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска го прими охридскиот пливачки херој Марко Пејчиноски.

Млад, храбар и талентиран е нашиот млад пливач Марко Пејчиновски. Денес му честитав за неговиот последен спортски успех – тој го преплива Охридското Езеро, цели 64 километри за помалку од 22 часа и подвигот го посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести. Ваквите гестови и личности како Марко се ретки и за восхит, и затоа денес ми беше чест и задоволство да му ја врачам одлуката за еднократна стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”, објави премиерот Ковачески

Владата преку Агенцијата за млади и спорт продолжува дa ги поддржува младите успешни спортисти и да вложува во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура согласно светските стандарди.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани