Две агресивни странкињи лишени од слобода во Охрид

Полицијата вчера лиши од слобода две странски државјанки во Охрид кои се однесувале агресивно.

На 28.09.2022 година околу 15.30 часот во СВР Охрид лишени од слобода се две странски државјанки К.М.(20) и К.Л.(50). Тие, на улицата „Партизанска“ во Охрид се однесувале агресивно и се обиделе физички да ги нападнат полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Во консултации со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани