,,Кардиолошки” одбележа 40 години постоење

Специјалната болница за кардиологија од Охрид одбележа 40 години постоење.

Јубилејната прослава се одржа во катедралната црква Света Софија.

На одбележувањето присуствуваше и министерот за здравство.

Денес на 40 годишниот јубилеј од постоењето на оваа болница која претставува синоним за раст и развој, во чекор со модерната кардиологија во светот, во служба на илјадници пациенти од целата земја, сакам да потенцирам дека болницата располага со врвен, професионален кадар – вкупно 30 доктори, од кои 12 супспецијалисти кардиолози, тројца интернисти кои во моментот се на супспецијализација по кардиологија, честворица специјалисти кардиолози и по еден специјалист физијатар и специјалист по медицинска биохемија, рече министерот Сали во своето обраќање.

Во моментот седум доктори се на специјализација по кардиологија, а за оваа година се обезбедени уште две нови специјализации, со што на подолг рок имаме континуитет во зајакнувањето на кадарот.

Инаку, во делот на интервентна кардиологија, годишно, се вршат околу 2000 дијагностички и интервентни процедури, од кои 170 интервенции на периферни артерии, 90 стентирања на каротидни артерии, 400 акутни инфаркти, како и 100 ендоваскуларни интервенции на периферни вени. Околу 2.500 пациенти годишно се третираат тука на интензивно лекуавање.

Исто така, годишно се реализираат 18 илјади специјалистички прегледи, 9 илјади ЕХО прегледи, 6 илјади коронарни стрес тестирања, 5 илјади прегледи на ЕХО доплер, 1.500 холтер и ЕКГ, како и над 800 пациенти за кардиолошка рехаболитација. 

Болницата е единствена ЈЗУ во која се врши дејноста кардиорехабилитација на пациенти по извршени кардиохируршки интервенции и после преболен миокарден инфарт лекуван конзервативно или со перкутани интервенции. Инаку, започнувајќи од 1982 година, кога е формирана Специјализираната болница „Свети Стефан“ во Охрид, таа прераснува во регионален кардиолошки центар каде се лекуваат и рехабилитираат пациенти од кај нас и од соседните држави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани