Ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга

Ќе се реконструрира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Објектот е изграден во 1984 , а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот. Прв пат ќе има поголеми инвестиции за подобрување на условите, за што се добиени 350 илјади евра од Швајцарската амбасада.
Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.

-Го добивме поректот од Швајцарската амбасада и министерството за локална самоуправа на РСМ, околу 350 000 евра за реконструкција и комплетно реновирање на делот од Холидеј дијализа. Комплетно реновирање на дограма онаму каде што немаме сменето, подови, операциони сали, додава д-р Попоски.


Во специјализираната болница за нефролошки заболувања Струга недостига медицински персонал. Нема доволно медицински сестри, болничари и хигиеничари.


-Недостасуваат хигиеничарки, дел од медицински персонал медицински сестри и болничари. Заради одлив односно заради пензија и вработувањата одат споро, се надевам министерството за здравство ги знае овие проблеми и очекуваме во најбрзо време да објави оглас на нови шест медицински сестри, вели д-р Александар Попоски директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.


Во струшката болница за нефрологија има доволно лекари специјалисти и субспецијалисти, а обновени се и сите апарати за дијализа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани