КАДЕ СИ АДАМЕ? Филмот за животот на монасите на Света Гора ќе се емитува во Охрид

КАДЕ СИ АДАМЕ? Филмот за животот на монасите на Света Гора ке се емитува во центар за култура Григор Прличев на 08.11.2022г во 19 часот,цена на билетите чини само 100денари,продажба на тел: 078 271 793 .

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, и се сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите КАДЕ СИ АДАМЕ? го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Автор на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испосничк и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведар и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

КАДЕ СИ, АДАМЕ? учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков, Зајечар (Србија)…

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани